335 ден
Маската за лице со азелаинска киселина и витамин C од серијата VitaDerm значително ги намалува несовршеностите на кожата и трагите од пост-акне, ја смирува чувствителната кожа и го обновува нејзиниот микробиом — и сето тоа во најкраток можен рок.
Во комбинација со BHA-салицилна киселина и бетаин-салицилат, има благ ексфолијативен ефект, спречува појава на комедони, ја регенерира кожата, го подобрува нејзиниот тонус и текстура.
Маската содржи комплекс од 6 форми на хијалуронска киселина со различна молекулска тежина, кој во комбинација со витамин C, ниацинамид, аргинин, аминокиселини од сусам и полисахариди:
– го обновува оптималното ниво на хидратација;
– ја зголемува еластичноста;
– ги омекнува брчките;
– дава чувство на обновена и свежа кожа.
Маската за лице со азелаинска киселина и витамин C е погодна за сите типови кожа, вклучувајќи и чувствителна. Уживај во убава и свежа кожа!
Нанеси ја маската на исчистена кожа на лицето и остави ја да делува 15–20 минути. Потоа отстрани ја и исплакни го лицето со вода. Предупредување: cамо за еднократна употреба. Не користи во случај на индивидуална нетолеранција кон некои од состојките. Не нанесувај ја маската на оштетена, иритирана или чувствителна кожа. Во случај на контакт со очите, исплакни со вода. При употреба преку ден, користи крема за заштита од сонце. Чувај вон дофат на деца. Не е наменето за деца под 3 години.