1.250 ден
Со текот на годините долната третина од лицето почнува да „попушта“ – меките ткива ослабуваат, контурите стануваат нејасни, се појавува двојна брада, а „аголот на младоста“ се сокрива под отоци. Токму со оваа зона ќе работиме – ќе ги нагласиме контурите, ќе ја вратиме цврстината, леснотијата и младешкиот изглед.
Препаратот „2 во 1“ – крем богат со растителни екстракти, масла, антиоксиданси, пептиди, лецитин, еластин и колаген, во комбинација со масажниот ролер обезбедува:
зацврстување на V-зоната на лицето
корекција на контурите и намалување на видливоста на двојната брада
совршена мазост и тонус на кожата.
Составот на кремот е збогатен со активни состојки кои интензивно ја хидрираат кожата и ја смируваат.
Масажниот ролер со две релјефни глави не е само додаток, туку клучен елемент што го засилува ефектот на кремот и овозможува максимален резултат:
подобрување на микроциркулацијата и лимфната дренажа (намалување на отоци)
опуштање на мускулната напнатост на вратот
борба против мимичната хипертоничност во V-зоната
намалување на видливоста на брчките, опуштеноста и гравитацискиот пад на кожата.
Секојдневната употреба на кремот со ролер носи видливи резултати за две до три недели. Подобрување на бојата на кожата и општ одморен изглед ќе забележите веќе по првата употреба.
АПЛИКАЦИЈА:
Нанесете го кремот на кожата на вратот и долната третина од лицето, а потоа масирајте со валјак додека целосно не се апсорбира. За најдобри резултати, масирајте по линиите за масажа (од центарот кон рабовите). Механичкиот притисок врз кожата треба да биде нежен и пријатен. Да се чува подалеку од дофат на деца.